Пастрмка печена во рерна – посен рецепт

Утре е Бадник, кога традиционално се подготвува риба, компир салата, се месат посни пити. Пастрмка во рерна е одлична идеа за Бадник.

Состојки:

4 свежи и исчистени пастрмки

2 лимони

2-3 чешниња лук Бело вино

Сол

Маслиново масло

Свежо исечкан магдонос

Подготовка:

Прво подгответе ја маринадата – од сок еден цеден лимон, 150 мл. бело вино, 4 лажици маслиново масло, сол и свежо исечкан магдонос. Исчистената риба добро измијте ја од сите страни, а одвнатре намачкајте ја со маринада. Потоа поставете ја во плех врз хартија за печење. Другиот лимон исечкајте го на кругови, кои ќе ги наредите на пастрмката. Прелијте ги со остатокот од маринадата. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.

Scroll to Top