Пеглани пиперки во тегла по стар рецепт

Потребни состојки: 5 кг црвени пиперки, 100 гр шеќер, 500 мл масло, 2 глави лук, 500 мл оцет, 200 гр сол, еден куп магдонос, 1 лажичка зрна бибер.

Начин на подготовка: Добро измијте ги пиперките и извадете ги семките. После тоа, исечете ги на малку подебели ленти. Потоа наредете еден ред пиперки, па посипете со сол и шеќер, па сè прелијте со оцет и масло. Потоа повторете ја постапката додека не ги потрошите сите состојки. Оставете ги пиперките да отстојат неколку часа или преку ноќ. Кога ќе омекнат, наредете ги во стерилизирани стаклени тегли, каде меѓу нив ќе додадете магдонос, лук и зрна бибер. На крај сите пиперки покријте ги со смесата која остана од пиперките и притиснете ги со пластична решетка.




		
		
			
Scroll to Top