Состојки за пита со лимон:
Основа: 200 гр бисквити и 100 гр путер
За фил: 400 мл кондензирано млеко, 250 мл шлаг, 3 лимони
Подготовка на пита со лимон: Измелете ги бисквитите. Додадете го путерот и мешајте додека не добиете еднолична смеса. Притиснете ја смесата во кружен калап за пита за да создадете рабови. Основата ставете ја во фрижидер половина час да се стегне. Истурете го кондензираното млеко во голем сад заедно со свежо исцеден лимон и кора од три лимони. Смесата се меша, постепено се додава шлагот додека не се добие еднолична мазна смеса. Прелијте ја смесата врз подготвената подлога. Пред сервирање ставете го во фрижидер најмалку шест часа. Украсете со овошје по желба.