Пиво против настинка во есен и зима

Јапонските научници тврдат дека пивото помага против настинка повеќе од чајот. Пивото има хумулон, состојка која истражувачите од Медицинскиот универзитет во Сапоро откриле дека се содржи во хмељот, а ја нарекуваат „волшебна состојка“. Според нив, таа е вистинскиот лек и ефикасно може да се справи со сите настинки.

„Станува збор за ефикасно средство во борбата против респираторните вируси кои можат да доведат до сериозни компликации, вклучувајќи и белодробни воспаленија и отежнато дишење. Тие, исто така, може да предизвикаат настинка во студените зимски месеци. Токму поради тоа медицинските лица и ние научниците препорачуваме консумирањеа пијалаци кои содржат хумулон, а такво е пивото“, рекол Ли Џинг Сјун од Универзитетот во Токио.

Пивото содржи природни антиоксиданти и витамини, кои можат да спречат и срцеви болести. Хмељот е богат со полифеноли, кои го намалуваат нивото на холестерол, се борат со ракот и ги убиваат вирусите. Пивото има помалку калории отколку млекото, тврдат тие.

 

Scroll to Top