Похувани прстени од кромид

Потребни состојки:

3 главици кромид со средна големина
3 белки од јајца
15 грама брашно
200 грама презла
Мешавина од зачини (вегета, сув лук, оригано)
Малку сол

Начин на подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на температура од 250°C. Кромидот исечкајте го на кругови дебели околу 5 милиметри.
Во три подлабоки чинии ставете го брашното, претходно разматените јајца и презлата измешана со сол и зачини. Потоа, одвојте ги круговите кромид и убаво извалкајте ги прво во брашното, па во јајца и на крај во презлата со зачини. Наредете ги во тавче обложено со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна околу 25 минути. Се служат со мајонез, кришки лимон, доматен сос или слатко-кисел сос.

Scroll to Top