Полнети модри патлиџани со леќа

Потребни состојки:

2 модри патлиџани
1чешне лук
100гр фета сирење или тврдо сирење
8лажици леќа
3гранчиња магдонос
100мл маслиново масло

Начин на подготовка:

Ги миеме модрите патлиџани и ги оставаме малку во солена вода да постојат. Ги сечеме на половина, па внатрешноста ја сечкаме на парчиња, ги посолуваме и наросуваме бибер. Попрскуваме со маслиново масло и ставаме да се пече. Леќата ја вариме и ја цедиме. Ги додаваме магдоносот и лукот, па зачини по желба. Штом се печени во внатрешноста, патлиџаните ги нагмечуваме по малку и ги полниме со леќата. Ги ставаме уште малку да се допечат. Кога се готови ги вадиме од рерна, рендаме тврдо сирење над нив и ги послужуваме топли.

Scroll to Top