Полнети урми со путер од кикиритки готови за 60 секунди

Задоволство кое се прави за 60 секунди.
Состојки: урми, путер од кикирики, ситно сечкани ореви или ф’стаци и темно чоколадо по желба.

Подготовка: Урмите исечете ги на половина, а потоа извадете ги семките. Пополнете ја урмата со една лажичка путер од кикирики и посипете со ситно сечкани ф’стаци или ореви. По желба, урмите можете да ги премачкате со темно чоколадо направено на пареа.

Scroll to Top