Посна шарена обланда

Потребни состојки:

2 листа обланди,
350 гр џем по ваш избор (6 полни лажици),
250 гр посни бисквити (34 парчиња).

За фил:

100 мл вода,
100 гр шеќер,
125 гр маргарин,
50 гр чоколадо за готвење,
1 лажица какао во прав,
70 гр мелени ореви,
150 гр мелени посни бисквити,
1 лажица екстракт од рум по желба

Начин на подготовка:

Листовите на обландите премачкајте ги со 3 полни лажици џем. Потоа наредете половина од бисквитите над еден лист обланда. Растопете 100 гр шеќер во 100 мл вода на умерена температура. Кога врие, додадете маргарин, чоколадо за готвење и какао. Гответе на умерена температура да се стопи сè и убаво да се комбинира. Тргнете од оган и додадете мелени ореви и мелени бисквити, па сè убаво измешајте. Ако сакате, додадете екстракт од рум. Додека филот е сè уште топол, ставете го преку наредените бисквити на обландата, а потоа преклопете го вториот ред на ситни бисквити. Покријте со друг лист обланда, намачкан со џем, притиснете да се залепи насекаде. Притиснете ја обландата со нешто за да залепи убаво и оставете го да стои. Исечете ја обландата на коцки и сервирајте.

Scroll to Top