Состојки:
– 100 гр свеж спанаќ
– 120 гр гриз од пченка
– 1 тиквичка
– 3 јајца
– 200 гр јогурт
– 60 гр пченкарно брашно
– сол, бибер
– 100 гр фета сирење
Подготовка:
Подгответе го садот во кој ќе го готвите и премачкајте го со масло.
Спанаќот ситно се сечка и тиквичката се ренда, па се меша и се додаваат останатите состојки, се освен сирењето.
Зачинете со сол и бибер, добро измешајте.
Истурете во калап и одозгора ставете ситно сирење и печете на 190 степени околу 25 минути.