Поздрава алтернатива на кафето: Овој зелен пијалок ги елиминира стресот и анксиозноста

Сè попопуларен пијалок во светот, но и кај нас, е мачата, во различни варијации, која се прави од правот на истоименото растение.

Мачата се прави од горните три слоја млади листови од растението Camellia sinensis, а според експертите, консумирањето мача води до намалување на стресот и анксиозноста.

Овој смирувачки ефект на мачата најмногу се припишува на две супстанции – L-теанин и епигалокатехин галат (EGCG).

L-теанинот е аминокиселина присутна во зелениот чај која има смирувачки ефект, а бидејќи мачата е концентрирана форма на зелен чај, се верува дека L-теанинот во него има уште посилен ефект поради поголемата количина.

„Докажано е дека промовира релаксација без поспаност, со зголемување на активноста на алфа мозочните бранови и модулирање на невротрансмитерите како што се GABA, допамин и серотонин“, објаснува д-р Ли А. Фрејм.

Мачата, исто така, содржи EGCG, растително соединение кое може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес, што може да биде поврзано со анксиозност.

Мачата, исто така, содржи помалку кофеин од кафето или еспресото. Кофеинот брзо се апсорбира од телото, го стимулира нервниот систем и може да ги зголеми нивоата на адреналин и кортизол, хормони поврзани со стрес.

Она што ја прави мачата посебна е присуството на L-теанин, кој ги намалува ефектите на хормоните на стрес и му помага на телото да остане смирено и фокусирано, без ненадејни напливи на енергија и нервоза.

Постојаното пиење мача може да биде корисно во намалувањето на стресот, а дури и повремена чаша од овој пијалок може да има позитивен ефект, пишува Verywell Health.

Мачата е одлична и во разни јадења како што се десерти, но EGCG и L-теанинот можат да бидат уништени од високите температури што се користат при продолжено готвење, поради што најдобро е да се консумира како пијалок.

Scroll to Top