Природни производи за вапцање јајца: куркума, спанаќ и цвекло

Во пресрет на Велики петок, кога домаќинките најчесто вапсуваат јајца и тоа го прават најдоцна до пладне, ви откриваме како сосема природно да добиете прекрасни интензивни бои.

ЦРВЕНА
Сок од вишна
Ако сакате вашите црвени јајца да имаат особено интензивна боја, користете сок од вишна. Постапката е иста како и кај кромидот – во тавче ставете ги јајцата, прелијте ги со сокот од вишни, со додавање малку сол и оцет. Сварете ги јајцата во сокот и оставете ги да се изладат.

Цвекло
Сокот од цвекло оставен во вашата тегла откако ќе го изедете. Постапката е иста како и за сок од вишна. Ако сакате понежни нијанси на црвено, разредете го сокот од цвекло со малку вода.

ВИОЛЕТОВА
*виолетови цветови (за потемна нијанса)
*црвено вино
*чај од хибискус
*сок од боровинки
*виолетови цветови со сок од еден лимон (за многу светла нијанса)
Измешајте одредена количина од овие состојки со лажица алкохолен оцет, добро промешајте, потоа додадете вода и додадетеги варените јајца. Оставете да отстои додека не се добие убава и интензивна боја.

СИНА
Боровинка
Потребни ви се 2 чаши мелени боровинки, 2 чаши вода и 1 лажичка оцет. Во помал сад ставете ги боровинките и прелијте ги со две чаши вода. Ставете го на шпорет и оставете додека не зовријат. Покријте и намалете ја температурата, оставете ги отстојат уште 10 минути. Тргнете ги од оган, додадете го оцетот и оставете ја смесата да се излади. Потоа во добиената смеса ставете ги варените јајца и оставете ги да отстојат околу 30 минути. Јајцата може да ги чувате во смесата подолго, додека не ја добиете саканата нијанса.

ЗЕЛЕНА
Спанаќ
Процесот никогаш не бил поедноставен – само ставете го саканиот број јајца во тенџере со ладна вода, лажица сол и оцет и додадете спанаќ. Сварете ги јајцата на тивок оган заедно со спанаќот, па оставете ги целосно да се изладат во водата. Кога ќе ги извадите, ќе ја добиете совршената зелена боја на вашите велигденски јајца.

ЖОЛТА
Куркума
Дава неверојатна жолта нијанса. Измешајте го зачинот, топла вода, лажица оцет, малку сол. Потопете ги претходно варените јајца во сад со природна боја и оставете ги неколку часа за да се впие бојата. Колку подолго стојат, толку бојата ќе биде поинтензивна.

ПОРТОКАЛОВА
Ако сакате светло портокалова, измешајте 2 лажици оцет со 250 мл вода. Оставете да се вари додека не зоврие, а потоа додадете го кромидот и оставете да се динста околу 30 минути на тивок оган. За поинтензивна боја оставете ги јајцата преку ноќ во оваа боја. За посветла нијанса користете мелена пиперка.

РОЗОВА
Цвекло
Во тавче сипете вода и загревајте додека не зоврие, а во меѓувреме додадете исчистено и ситно исечкано или изрендано цвекло, потребни ви се околу 3 парчиња. Кога ќе зоврие, додајте оцет и оставете да се готви покриено околу половина час. Потоа извадете го цвеклото, натопете ги варените јајца и оставете ги внатре додека не ја добијат саканата нијанса.

Scroll to Top