Велигденскиот семеен ручек според народните обичаи се состои од јагнешко месо, вапсани јајца, леб и вино. Сите тие имаат посебна симболика во христијанството. Се верува дека на трпезата треба да има и мед, сол и грозје. Ова се десетте работи што треба да ги има на трпезата и нивната симболика.
1. Медот симболизира апостоли. Сите тие како пчели на Исус го разнесувале евангелието на разни страни.
2. Јагнешкото месо го симболизира Господ, роден во шталата меѓу јагнињата, гонет од луѓето со волчја нарав. Тој е жртвено јагне, кое трпеливо ги поднесло маките и смртта.
3. Говедското месо го симболизира човекот – мудрост, лавот – храброст, волот – правдата и тоа се четирите животни што во визиите ги виделе пророкот Езекил и апостолот Јован Богослов.
4. Вапсаните јајца се симбол на Велигден.
5. Лебот го симболизира Господ.
6. Квасецот е симбол на небесното царство „бидејќи од мал гумен квасец сето тесто се закиснува“. Затоа велигденскиот колач задолжително се прави со квасец.
7. Солта укажува на вистински христијанин, кој и другите ги насочува кон добро.
8. Виното што Исус го претворил од водата го симболизира претворањето на земниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а лозата е симбол на следбениците на Христа.
9. Грозје, смокви, чичка и трња се симболи на добрите и на злите луѓе.
10. Рибата е симбол на сите луѓе. Ловот на риба означува ловење човечки души за Божјото царство.