Меган Маркл, војвотката од Сасекс, отсекогаш сакала да готви и да пече разни задоволства. Пред да се омажи за принцот Хари, таа сподели некои од своите омилени рецепти на својот сега веќе непостоен блог The Tig.
За време на нејзината прва кралска турнеја во странство во 2018 година, Меган остави впечаток со печениот леб од банана за локалните рурални фармери од Нов Јужен Велс. Меган Маркл пред 4 години објави збирка рецепти наречена Together: Our Community Cookbook.
Додека имаше повеќе слободно време, делумно поради пандемијата, делумно поради бременоста, таа експериментира со еден од нејзините омилени деликатеси – лебот од банана. Овој рецепт Меган Маркл го претстави за време на првото кралско патување со својот сопруг принцот Хари.
Рецептот за леб со банана на Меган Маркл ви го даваме во продолжение.
Состојки: 2 јајца, 3 банани, 300 грама брашно, лажичка сода бикарбона, 50 грама бел шеќер, 50 грама кафеав шеќер, 1 лажичка цимет, ¼ лажичка сол, 100 грама путер, лажичка екстракт од ванила, лажица ореви, неколку коцки чоколадо (по избор), 1-2 лажички мелен ѓумбир.
Подготовка: Првин измешајте ги путерот и шеќерот, потоа додајте ги ванилата, циметот и ставете прстофат сол и сè добро измешајте. Во друг сад излупете ги зрелите банани и изгмечете ги со виљушка. Додајте ги бананите во путерот, шеќерот и јајцата. Загрејте ја рерната на 200 степени и намачкајте го плехот со путер. Измешајте една лажичка сода бикарбона во брашното и додајте ја во смесата со банана. Кога сѐ добро ќе се соедини, додајте една лажица мелени ореви, ѓумбир и по желба малку сечкано чоколадо. Измешајте сè и ставете го во обложен калап. Кога рерната ќе се загрее, ставете го плехот и печете на 180 степени 40-ина минути. Кон крајот прободете ја тортата со чепкалка за да проверите дали е печена. Ако чепкалката е сува, колачот е готов. Одлично оди со чај или кафе, а бидејќи е здрав и не премногу сладок, можете да го јадете и за појадок.