Рецепт за американски палачинки

Состојки
1 шолја брашно
2 големи лажици шеќер
2 мали лажици прашок за печиво
½ мала лажица сол
1 шолја млеко
1 големо јајце
2 големи лажици растопен путер или масло за јадење

Подготовка
Во длабок сад пресејте го брашното со сито и додајте ги шеќерот, солта и печивото. Промешајте. Во друг сад изматете го јајцето, но не премногу. Додајте ги млекото и растопениот путер и промешајте. Претурете ја смесата со течни состојки во садот со суви состојки. Нежно мешајте за да се соединат, но не матете. Не грижете се ако во смесата има мали грутчиња. Загрејте тавче на средна температура и премачкајте го со малку масло за јадење или путер. Со помош на црпалка ставете од густата смеса во тавчето. Налевајте во едно место и смесата ќе се распореди така што ќе заземе кружна форма (со дијаметар околу 10cm). Печете ги палачинките додека не добијат златно-кафеава боја (околу 2 и пол минути). Потоа превртете ги на другата страна. Се добиваат 10-15 палачинки, во зависност од големината.

Палачинките се редат по неколку една над друга и се прелеваат со мед, јаворов сируп, карамел прелив или чоколаден прелив, или пак се премачкуваат со џем, а се сервираат и со овошје како боровинки, јагоди, малини, банани и сл.

 

 

Scroll to Top