Рецепт за брз овошен колач

By

Доколку сакате овошје и правите брзи и вкусни колачи, тогаш овој рецепт е идеален за вас.

dobivaj vesti na viber

Состојки: 3 јајца, 100 грама шеќер, 2 dl масло, 2 dl јогурт, 3 шолји брашно, 1 ќесичка прашок за пециво, 300 грама кајсии, праски, сливи и боровинки, шеќер во прав.

Подготовка: Јајцата и шеќерот се матат, па се додаваат маслото и јогуртот. Кога сè ќе се соедини, додадете брашно и прашок за печиво, сето добро изматете и измешајте. Плехот во кој ќе печете обложете го со хартија за печење, па истурете половина од добиената смеса. Ставете го плехот во рерна загреана на 200 степени 10 минути.

Овошјето измијте го, пресечете го на половина и извадете ги семките. Извадете го колачот од рерна, наредете го овошјето и покријте го со остатокот од смесата. Печете уште 20 минути на 180 степени.

Кога ќе биде готов колачот, посипете го со шеќер во прав и оставете го да се излади, па можете да го послужите.

 

Ќе ви се допадне