Состојки за брза торта: 60 грама бадеми, 80 грама меки урми, 3 замрзнати банани, 1 лимон, 3 супени лажици кокосово масло.
Подготовка : Во сецко или добар блендер, измелете ги бадемите во ситен прав. Во мелените бадеми додадете урми и блендирајте додека не добиете еднолична леплива смеса. Добро истиснете ја смесата во калапот на чие дно сте ставиле хартија за печење. Основата ставете ја во замрзнувач да се излади. Во блендер измешајте замрзнати банани, сок од еден лимон и кокосово масло, кои треба да се стопат на шпорет или во микробранова печка пред да се мешаат. Намачкајте ја смесата со банана врз основата и оставете да се излади. Украсете ја тортата со кришки лимон или банани и чоколаден сируп по желба. Изладете пред сервирање.