Рецепт за брзи домашни кроасани

Состојки: 1 коцка свеж квасец, 0,5 л млако млеко, 1 лажица сол, 2 лажици шеќер, 2 јајца, 1 лажица оцет, 1 кг брашно + 250 гр за мешање, 1 маргарин со вкус на путер или 250 грама путер.

dobivaj vesti na viber

Подготовка:
Се става квасецот со една шолја млако млеко да нарасне, заедно со лажица сол и 2 лажици шеќер и малку брашно. Кога ќе нарасне квасецот, замесете тесто со остатокот од млекото, јајцата, брашното и една лажица оцет. Добро замесете го тестото и оставете го да нарасне околу 30 минути, покријте го со крпа. Кога тестото ќе нарасне, уште малку го замесуваме со рака и го делите на 8 дела. Потоа секоја топка расукајте ја во мала кора, врз неа се ренда по малку маргарин (или путер), а потоа уште една мала развиена кора. Кога вака ќе ги наредите корите со рендан маргарин измеѓу виткајте во една голема кора. Исечете дијагонално, филувајте по желба (сирење, џем, крем) и обликувајте кроасани. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчка изматена со малку млеко. Одозгора може да се посипете сусам или ким. Веднаш се печат во загреана рерна на 200С, кога ќе нараснат и добијат боја, ја зголемуваме температурата на 220-250С, додека целосно не се испечени и поруменат.

Scroll to Top