Рецепт за брзи тестенини со тиквички

Состојки за тестенини со тиквички:
700 мл супа од зеленчук, 300 гр тестенини, 120 гр крем-сирење, 2 тиквички, 1-2 чешниња лук, грст свежи листови босилек, сол и црн пипер по вкус.

Подготовка на тестенините:
Загрејте ја супата од зеленчук и додадете ги сувите тестенини, ситно сечканиот лук и половина од листовите босилек. Гответе, редовно мешајќи, околу 10 до 15 минути додека тестенините не станат меки. Кон крајот на готвењето додадете ги тиквичките исечени на коцки или ленти и изрендајте сирење. Сè добро измешајте и варете неколку минути. Додадете сол и црн пипер по вкус. Послужете со преостанатите листови свеж босилек и по желба малку рендан пармезан. 




		
		
			
Scroll to Top