Рецепт за брзо брауни

Состојки:
200 гр чоколадо, 110 гр путер, 6 лажици шеќер, 2 лажици кафеав шеќер, 3 јајца, 1/2 чаша брашно и 2 лажици какао.

Подготовка:
На пареа растопете ги маргаринот и чоколадото. Додадете шеќер лажица по лажица, па јајцата. Се матат па се додаваат брашното и какаото. Префрлете ја масата во плех обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180°C околу 30 минути.

Scroll to Top