Рецепт за чизкејк од кокос

By

Состојки:
За кората: половина чаша брашно, 1 лажичка цимет, 3 лажици шеќер, половина чаша стопен путер.

dobivaj vesti na viber

За полнење: 150 грама крем сирење, 4 лажици шеќер, половина конзерва крем од кокос, 3 јајца, 1 лажичка екстракт од ванила.

За глазурата: половина конзерва крем од кокос, 2 лажици крем сирење, 1/2-1/3 чаша шеќер во прав.

Подготовка: Измешајте ги сувите состојки за кората, па додадете го растопениот путер. Кога ќе имате компактна смеса, притиснете ја на дното на тавата за торта. Оставете ја смесата во фрижидер. Во длабок сад изматете ги јајцата со шеќерот, па со постојано мешање додавајте ги кокосовиот крем, крем сирењето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не добиете мазна смеса, па прелијте ја кората. Смесата се пече околу 15 минути во загреана рерна на 180 степени, а потоа се намалува на 120 степени. Потоа оставете целосно да се излади во фрижидер. 

Ќе ви се допадне