Рецепт за чизкејк со костени

Состојки за основата за чизкејк од костен: 250 гр бисквити, 50 гр растопен путер, 1 лажица пире од костен.

Состојки за крем од костен: 500 гр крем сирење, 125 гр шеќер, 3 големи јајца, 3 жолчки, 175 мл кисела павлака, 1 лажичка сок од лимон или лимета, 1 лажичка екстракт од ванила, 2 лажици рум, 350 гр засладено пире од костен.

Сируп: 80 ml вода, 60 мл рум, 1 лажица пире од костен, 15 гр путер.

Подготовка на чизкејк со костен: Загрејте ја рерната на 180 °C. Бисквитите и костените издробете ги и измешајте со растопениот путер додека не добиете ровка смеса, а потоа ставете ја во калап од 23 сантиметри со рабови што се вадат и префрлете го во фрижидер додека не направите крем. Измешајте го крем сирењето и додадете шеќер. Постепено додавајте ги јајцата и брзо измешајте ги во смесата додека не се соединат сите состојки. Додадете крем, сок од лимон, екстракт од ванила и рум и повторно измешајте. Додадете го пирето од костен и измешајте. Смесата не мора да биде целосно мазна. Истурете ја смесата од костен во калапот. Вака подготвениот чискејк со се капал го ставате во поголем сад во кој се става зовриена вода  до половина од калапот во кој се става колачот. Печете 60 минути. Тортата е готова кога центарот сè уште малку се ниша. Внимателно отворете ја рерната бидејќи ќе биде полна со пареа и извадете го калапот од плехот и префрлете го на подлогата. Оставете го колачот преку ноќ во фрижидер и следниот ден отстранете го од калапот. Оставете го на собна температура пред послужување. Пред послужување, украсете ја тортата со карамела, чоколадо или сируп. Сварете го сирупот непосредно пред да го послужите колачот, измешајте ги сите состојки и загрејте ги. Кога малку ќе зоврие и згусне и ќе се излади на собна температура, прелијте го колачот со сирупот.

 
Scroll to Top