Рецепт за чоколадна торта

Состојки за чоколадна торта во калап: 125 гр брашно, 200 гр шеќер, 22 гр какао, 1 лажичка сода бикарбона, ½ лажичка прашок за печиво, 1/4 лажичка сол, 1 големо јајце, 110 мл масло, 120 мл маштеница, 125 ml топла вода.

Подготовка: Со хартија за печење или алуминиумска фолија обложете четвртест или тркалезен калап за торта од 20 см. Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Во голем сад за матење измешајте ги брашното, шеќерот, какаото, сода бикарбоната, прашокот за печиво и солта. Додајте јајце, масло и маштеница и убаво изматете. Додајте топла вода и мешајте додека смесата не стане мазна. Истурете во подготвениот сад за печење. Лесно потчукнете го садот од работната површина за да ги ослободите воздушните меури. Печете 25-30 минути или додека чепкалката вметната на неколку места не излезе чиста. По желба тортата можете да ја премачкате со глазура или да ја посипете со какао.

Scroll to Top