Рецепт за домашни оризови коцки со путер од кикирики

By

Потребни состојки: 200 гр путер за колачиња, 250 гр путер од кикирики, 250 гр шеќер во прав, 100 гр мед, 100 гр експандиран ориз.

dobivaj vesti na viber

Подготовка:
Путерот се мати со миксер, па постепено се додаваат останатите состојки, путерот од кикирики, шеќерот во прав и медот. Добро измешајте ја смесата, па додадете го експандираниот ориз (од кој се прават чоколади со ориз, галети од ориз, можете да го набавите во продавниците за здрава храна). Добро измешајте ја смесата, па истурете ја во помал овал обложен со хартија за печење сад. Ставете во фрижидер половина час, час и потоа исечете на коцки. Послужете со чај или кафе.

Ќе ви се допадне