Рецепт за домашно фрапе

Состојки: 2 лажици инстант-кафе, 2 лажици шеќер, 2 лажици топла вода, ¾ чаша млеко, мраз.

Подготовка:
Кафето, шеќерот и топлата вода ставете ги во сад. Со жица, апарат за фрапе или миксер мешајте 8 до 10 минути, додека не добиете густа пена.

Подгответе чаша или шолја во која ќе го послужите напитокот и во неа прелијте млеко. Коцките мраз се ваш избор. На крајот внимателно посипете ја подготвената пена одозгора.

Scroll to Top