Во Грција празниците не можат да поминат без меломакарони. Станува збор за меки и сочни божиќни колачиња од мед и зачини кои обично се служат со кафе. Името го добиле со комбинирање на два збора – мели (мед) и макарони (благосостојба). Иако содржат многу состојки, многу лесно се подготвуваат дома.
Состојки за меломакарони:
500 гр брашно, 200 мл сок од портокал, 200 ml растително масло, 100 гр ситно мелен гриз, 90 мл маслиново масло, 25 гр шеќер во прав, 1/4 лажичка мелено каранфилче, 2 лажички цимет, 1/8 лажичка морско оревче, 1/2 лажичка сода бикарбона, кора од портокал
Состојки за сирупот:
400 грама шеќер, 250 ml вода, 75 грама мед, 1-2 стапчиња цимет, 1-2 каранфилче, 1/2 портокал
За прелив: мед и сецкани ореви.
Подготовка на меломакарон:
За сирупот: во тенџере измешајте вода, шеќер, цимет, каранфилче и портокали. Добро измешајте и оставете ја водата да зоврие. Потоа тргнете го тенџерето од оган, измешајте го медот и оставете сè да се излади. Ќе ви требаат неколку часа. Започнете со подготовка на бисквитите само кога сирупот целосно ќе се излади. Во едниот сад измешајте ги брашното и гризот, а во другиот убаво измешајте ги останатите состојки за бисквитите: шеќер во прав, сода бикарбона, зачините, сокот од портокал, маслото и кората од портокал.
Измешајте го првиот сад со вториот сад со рацете околу 10 до 15 секунди. Добиеното тесто користете го за да направите бисквити со големина од околу три до четири сантиметри.
Печете ги бисквитите во загреана рерна на 190 Целзиусови степени околу 20 до 25 минути додека не поруменат. Кога ќе ги извадите од рерна, веднаш потопете ги во слаткиот сируп 10 секунди. Внимателно извадете го и оставете да се исцеди вишокот течност. Пред сервирање, прелијте ги со малку мед и посипете со парчиња орев.