Рецепт за какао коцки

Состојки:
300 гр урми без семки,  300 гр ореви, 9 лажици какао во прав, 2 лажици екстракт од ванила, 50 мл јаворов сируп или мед, 2 лажици кокосово масло,  2 лажици вода, прстофат сол.

Подготовка:
Урмите и оревите сомелете ги во блендер, додадете шест лажици какао, една и пол лажица екстракт од ванила, две лажици вода и малку сол.

Измешајте ја смесата додека не почне да се трга од страните на блендерот. Потоа смесата притиснете ја во тавата.

Во сад измешајте го преостанатиот екстракт од какао и ванила со две лажици кокосово масло и јаворов сируп или мед.

Добро измешајте додека не исчезнат сите грутки, па прелијте го врз колачот.

Оставете да се излади околу два часа пред да послужите.

По желба украсете со овошје и сечкани ореви, лешници или бадеми.

Scroll to Top