Рецепт за колач од рогач

Состојки:

– 3 јајца

– 6 лажици шеќер

– 1 кесичка ванилин шеќер

– 1 дл масло

– 2 дл млеко

– 1 шолја брашно

– 1 шолја мелен рогач

– 1/2 лажичка прашок за пециво

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 1 лажичка цимет

– 1 лажичка зачин за медењаци

– 1 средна банана, изгмечена

– 1/2 чаша чоколадни топчиња (или сечкано темно чоколадо)

*шолјата е од 260 мл

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 150 степени.

Калапот е димензии 20х30 см обложете го со хартија за печење.

Јајцата се матат со шеќер, па се додаваат сите останати состојки и убаво се меша. Истурете ја смесата во калапот, израмнете ја и печете 30 минути.

Се препорачува тортата да се стави во сад со капак или едноставно да се стави калапот во кеса. На овој начин колачот ќе остане свеж и следниот ден. Колачот со рогач е повлажен кога седи.

При сервирање, колачот може да се попрска со мелен рогач и да се украси со парчиња од банана.

Scroll to Top