Рецепт за колач со бозел, кој се подготвува за 10 минути

Љубителите на бозел може да направат колач што се подготвува за 10 минути. Мекиот бисквит во комбинација со ароматичната глазура на сируп од бозел сигурно ќе ве воодушеви, како и информацијата дека ова е многу едноставен рецепт за кој треба малку време да се подготви.

Состојки за тесто: 4 големи јајца, 150 грама шеќер во прав, 225 грама остро брашно, 225 грама путер на собна температура, 2 лажички прашок за пециво.

Состојки за глазура од бозел: 4 лажици сируп од бозел, 1 лажица сок од лимон, 100 грама шеќер во прав.

Дополнителни состојки: малку путер за да се премачка калапот, остро брашно.

Подготовка на тортата: Калапот за печење премачкајте го со путер и посипете со брашно. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Во сад за матење се ставаат путерот и шеќерот на собна температура и се мешаат околу пет минути, додека не се добие мазна и пенеста смеса. Потоа додадете едно по едно јајце и добро измешајте, за јајцето за да се соедини со остатокот од смесата. На крај додадете го брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за печиво. Смесата истурете ја во калап, израмнете со шпатула и ставете ја во загреана рерна. Печете околу 40 минути, во зависност од јачината на вашата рерна, т.е. додека колачот не се одвои од рабовите на калапот и не добие темно златна боја. Потоа извадете го од рерна и оставете го да се излади. Во меѓувреме подгответе ја глазурата. Измешајте ги сирупот од бозел и сокот од лимон, додадете го шеќерот и мешајте додека не добиете мазна глазура. Кога колачот ќе се излади, прелијте го со глазурата.

Scroll to Top