Рецепт за колач со гриз и слатка павлака без печење

Ова едноставно летно уживање е многу слично на домашниот сладолед. Покрај тоа што е богат и кремаст, десертот се прави и брзо.

Состојки: 500 мл млеко, 100 гр шеќер, 100 гр гриз, 500 мл млеко, 5 лажици шеќер, 2 пудинзи од ванила, 75 гр маргарин, 75 гр слатка павлака, 250 мл слатка течна павлака ,150 гр чоколадо за готвење.

Подготовка: За подлогата или за првиот дел сварете гриз во млеко со шеќер. Потоа ставете го гризот во квадратен калап. Филот се прави со варење на пудингот. Го оставате да се излади, а потоа во изматен маргарин го ставате пудингот. Вака подготвената смеса се става врз подлогата од гриз. Третиот фил се прави со загревање на засладениот течен крем и додавање на чоколадо за готвење. Намачкајте го филот преку колачот. Оставете убаво да се излади, па исечете и послужете. 

Scroll to Top