Состојки:
1/2 шолја омекнат маргарин, 1 чаша шеќер, 2 јајца, 2,5 банани, 1 лажичка сода бикарбона, 2 чаши брашно, малку сол, ф’стаци, малини (по избор)
Подготовка:
Се мати маргаринот со шеќерот додека не стане пенеста. Додадете едно по едно јајце и соединете ја смесата. Изгмечете ги бананите и додајте ги во смесата со јајца и маргарин, па измешајте со рака. Измешајте ги брашното, содата и солта и со рака соединете ги со смесата со јајца. Ф’стаците исечкајте ги и малините посипете ги со малку брашно, па сè нежно измешајте во добиената смеса. Калап за леб (или куглоф, па дури и обична тава за колачи) премачкајте со маргарин, па прелијте ја смесата. Се пече на 200 C, 50 мин.