Ирското виски, ароматичното кафе и шлагот го сочинуваат иконскиот коктел што беше создаден во раните четириесетти од минатиот век. Ирското кафе не бара комплицирана подготовка, а резултатот е кремаст напиток кој ќе ви го подигне нивото на енергија, идеален за дружење во ладните вечерни часови.
Најдобар избор е кафето кое има пониски киселини, а за негово варење ќе ви помогне машина за кафе, француска преса или кафемат. Вкусот на коктелот ќе зависи од квалитетот на кафето и вискито што ќе го користите, а како што рекол креаторот на коктелот, готвачот Џо Шеридан, тој мора да биде силен како пријателска рака и сладок како јазик на крадец.
Состојки:
2 лажички кафеав шеќер
120 мл силно сварено кафе
45 ml ирско виски
30 мл шлаг
Подготовка:
Загрејте чаша за ирското кафе. Можете да го направите тоа со ставање топла вода додека ги подготвувате другите состојки или со загревање во микробранова печка 10 секунди.
На дното на загреаната чаша ставете шеќер. Истурете го топлото кафе и вискито и мешајте додека не се раствори шеќерот.
Внимателно додајте го шлагот – за да биде поуреден можете да користите лажица: полека истурете ја шлагот во кафето преку задниот дел од лажицата за да се лизне до врвот на пијалокот. Уживајте.