Рецепт за печен лосос со прелив од мед и сенф

Состојки:

(за 4 лица)

– 4 поголеми филети лосос (600-800 g)

– 2 лажици маслиново масло

– 2-3 лажички сув билен зачин

– 1,5 лажици сенф

– 2 лажици мед

Подготовка:

Филетите лосос ставете ги на плех обложен со хартија за печење.

Намачкајте ги со маслиново масло и посипете со суви билки.

Во помал сад измешајте ги сенфот и медот и премачкајте ги врз лососот. Се пече во рерна загреана на 250 степени на највисоко ниво околу 10 минути.

Послужете со салата по ваш избор.

Совет:
Наместо мед, можете да користите кафеав шеќер или јаворов сируп.

Scroll to Top