Состојки:
– 250 гр боранија
– 4 мали компири
– 1 лажичка свежа мајчина душица
– 1 парче рендана кора од лимон
– сусам
– сол
– маслиново масло
Подготовка:
Компирите убаво измијте ги и сварете ги со кора. Оставете ги да се изладат, а потоа излупете ги и изгмечете ги.
Боранијата исчистете ја, измијте ја и ставете да се вари на пареа десет минути. Потоа исечете ја, ставете ја во тавче со две лажици маслиново масло и мајчина душица и пржете неколку минути.
Изладената боранија измешајте ја со компирот, додадете ситно изрендана кора од лимон и посолете по вкус.
Од смесата се формираат 12 крокети, малку се измазнуваат и секоја се валка во сусам (по желба може да го запечете сусамот на сува тава).
Крокетите се редат во плех обложен со хартија за печење, малку намачкан со маслиново масло и се печат околу 15 минути во рерна загреана на 180 степени.
Свртете ги на половина од печењето за да добијат еднаква боја од двете страни.