Рецепт за полнети пиперки

Состојки:
2 главици кромид
2 моркови
200 мл сос од домати
100 гр преварен интегрален ориз
500 гр мелено пилешко месо од пилешко филе
Сол, бибер, оригано, куркума, магдонос,
200 мл сос од домати
7-8 пиперки
1 домат

Подготовка: Кромидот исечкајте го, па пржете го во масло. Додадете рендан морков и сос од домати. Додадете варен кафеав ориз. Додадете половина килограм мелено пилешко месо. Ставете ги зачините и оставете малку да се крчка. Наполнете ги пиперките, па наредете ги во огноотпорен сад. Прелијте со сок од домати и ставете се во рерна да се пече околу половина час на 200 Целзиусови степени.

 

Scroll to Top