Состојки:
бело месо, сирење, сенф, сол, бибер и други зачини по желба, лук, малку брашно
Подготовка:
Исцедете го белото месо, исецкајте го на тенки парчиња, извалкајте го во сенф и ставете зачини по желба. Врз секое парче ставете парче сирење и затворете со чепкалка за заби.
Намачкајте го месото со малку брашно и со сенф. Се пржат на врело масло, прво само кратко од едната страна додека не побели, па од другата страна.
Додадете ситно сечкан лук во средината и продолжете со пржење на месото со минимално додавање вода.
Послужете со сезонска салата.