Рецепт за посна салата со макарони

Состојки:
половина праз, 200 гр шампињони, 200 гр посни макарони, 300 гр посен мајонез, 1/2 лажичка оригано, сол, црн пипер.

dobivaj vesti na viber

Подготовка:
Сварете ги макароните 6-7 минути во зовриена вода со малку сол. На умерена температура во 2-3 лажици масло се динста ситно сечканиот праз. Додека кромидот се динста, исчистете ги печурките и исечете ги на помали парчиња. По околу 10 минути динстање на кромидот, додадете ги печурките, 1/4 лажичка сол, ориганото, црниот пипер и динстајте уште 10-15 минути додека да испари водата што ја испуштаат печурките. Во исцедените макарони додадете ги шампињоните, измешајте и оставете поклопено да се излади целосно. Протресете ја тавата на секои 15 минути за да не се залепат макароните. Ако го правите тоа со лажица, постои шанса макароните малку да се издробени. Во изладените макарони додајте го мајонезот и нежно измешајте за да биде рамномерно распореден, па префрлете го во садот во кој ќе ја чувате салатата.

Scroll to Top