Рецепт за сочен колач од бисквити и пудинг

Состојки за брза торта со бисквити и пудинг:
*500 грама мали бисквити
*1 литар млеко (за пудинг)
*2 dcl млеко (за натопување бисквити)
*15 грама путер
*2 пудинга од лешник (или други по желба)
*1 dcl слатка павлака
*100 грама темно чоколадо

Подготовка на брз колач со бисквити и пудинг:
Пудингот сварете го според упатството на пакувањето. Кога ќе се излади, измешајте го путерот на собна температура со миксер. Изберете го садот во кој ќе ја наредите тортата. Потопете ги бисквитите од двете страни во млеко и ставете ги во садот додека не го покриете дното. Потоа ставете неколку лажици крем и размачкајте. Наизменично нанесете слој од бисквити и крем додека не го потрошите целиот крем, а последниот слој мора да биде бисквитот. Кога ќе ги наредите сите кори, подгответе ја глазурата. Чоколадото искршете го на коцки и прелијте го со топлата слатка павлака. Чоколадото оставете го да отстои во врелиот крем минута или две, а потоа мешајте со вилушка или шпатула додека не добиете мазна глазура. Истурете го врз колачот и кога ќе се олади глазурата ставете ја тортата да се излади.

Scroll to Top