Рецепт за сочна какао-торта

Состојки за бисквитот: 200 гр брашно, 150 гр шеќер, 150 гр путер, 130 гр темно чоколадо, 3 јајца, 3 супени лажици млеко, 1,5 супени лажици какао во прав, 1 лажица подготвено инстант кафе, 1 лажичка прашок за пециво, ¼ лажичка сода бикарбона.

Состојки за кремот: 170 гр шеќер во прав, 80 гр путер растопен на собна температура, 2 лажици шлаг, 1,5 супени лажици какао во прав, 1 лажичка екстракт од ванила и парчиња темно чоколадо за декорација.

Подготовка на чоколадната торта: Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови. Подгответе два калапи за колачи со дијаметар од 20 сантиметри. Обложете ги со хартија за печење. Растопете го чоколадото со млекото за бисквитот и оставете ги на страна. Путерот и шеќерот изматете ги со миксер во изедначена, мазна смеса. Додадете ги јацата едно по едно, инстант кафето и стопеното чоколадо. Мешајте додека не се соединат состојките. Во посебен сад просејте ги брашното, какаото во прав, прашокот за пециво и сода бикарбоната. Нежно измешајте ги овие состојки во смесата со јајца. Смесата поделете ја на два еднакви дела и префрлете ја во подготвениот калап. Подготвената смеса ставете ја во загреана рерна 20 до 25 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали тестото е целосно испечено. Оставете да се излади. Додека подлогата се лади, подгответе го кремот за филот. Со миксер изматете ги путерот, шлагот и екстрактот од ванила. Постепено додавајте какао во прав и шеќер. Мешајте десет минути додека не добиете еднолична цврста смеса. Распоредете ја смесата помеѓу двете смеси и по целата површина, а одозгора додадете листови темно чоколадо. Чувајте го колачот во фрижидер пред сервирање. 

Scroll to Top