Рецепт за старински колач со кокос и чоколада

Состојки:
За бисквитот: 3 јајца, 10 лажици шеќер,, 13 лажици масло 100 мл млеко,16 лажици брашно, 1 прашок за пециво.

За прелив: 150 мл млеко, 150 гр чоколадо, 150 гр маргарин, 150 гр шеќер, 100 гр кокос.

Подготовка: Се матат белките и се додава шеќер, лажица по лажица. Потоа додадете ги жолчките една по една, постојано матејќи. Истурете го млекото и измешајте. На крај додадете брашно и прашок за пециво. Смесата истурете ја во тавче со средна големина и печете на 180 степени околу 25 минути. Испечениот бисквит оставете го малку да се излади, па дури потоа исечете го. Во сад се ставаат маргаринот и млекото и се загреваат на тивок оган додека се меша. Кога маргаринот речиси ќе се растопи, додадете ги чоколадото и шеќерот, па мешајте додека не добиете компактна смеса. Оставете го да се излади, а потоа изладениот бисквит потопете го во чоколадо, а потоа валкајте го во кокос.

Scroll to Top