Рецепт за торта од кокос, морков и портокал

Иако изборот на состојки за колачот со кокос, морков и портокал изгледа како необична комбинација, овој вкусен десерт ќе ве воодушеви. Рецептот е навистина едноставен, а состојките потребни за негово правење се наоѓаат во секоја кујна.

Лесен, сладок бисквит и малку кисела павлака богата со цитрусни мириси се совршената пролетна комбинација на вкусови, додека кокосот само ќе го збогати целокупниот вкус и изглед на колачот.

Потребни состојки за бисквитот: ½ кг излупени и изрендани моркови, 4 јајца, 2 чаши (јогурт), остро брашно, 2 чаши шеќер, 1 шолја масло, 1 лажичка цимет, 1 ќесичка прашак за пециво, 2 ќесички ванилен шеќер, 2 портокали (рендана кора и сок од еден портокал)

Состојки за кремот: 400 гр крем сирење, 1 цврст јогурт, сок од еден лимон, 4 полни лажици шеќер во прав, 2 кремфикс и кокос по желба

Подготовка: Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не станат пенасти. Додадете масло во смесата. Брашното измешајте го со прашокот за пециво и циметот, па додајте ги во смесата со јајцата. Во добиената смеса додајте ја рендана кора и сок од еден портокал и рендан морков. Сите состојки убаво измешајте ги и истурете ги во калап со дијаметар од 26 см. Печете го колачот на 180 степени целзиусови 45 до 60 минути. По печењето прво добро изладете ја тортата, па бисквитот пресечете го на половина. За да го направите кремот, добро измешајте ги крем сирењето, тврдиот јогурт, сокот од лимон и ситно изренданата кора од лимон и шеќерот и додека мешате додадете го кремфиксот. Откако ќе ги изматите сите состојки, долниот дел од бисквитот премачкајте го со крем, но внимавајте да ви остане доволно крем за горниот дел кој исто така треба да се премачка. На крај посипете ја тортата со кокос и декорирајте по желба, на пример боровинки, ореви и семки од тиква.

Scroll to Top