Состојки:
– 2 јајца
– 120 гр шеќер
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 80 мл масло
– 110 гр брашно
– 1/2 лажичка прашок за пециво
– 3 лажици гриз
– 120 гр ситно изрендан морков
– 80 гр крупно рендано јаболко
– 1 лажица џем од кајсии
– рендана кора од портокал по вкус
Подготовка:
Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па измешајте ги со маслото. Измешајте ги брашното, прашокот за пециво и гризот.
Сувите состојки изматете ги со смесата од јајцата.
Додадете рендан морков, јаболко, кора од портокал, џем од кајсии и добро измешајте ги сите состојки.
Тавата за леб обложете ја со хартија за печење или премачкајте ја и посипете ја со брашно.
Истурете ја смесата за колачот во калапот, па вклучете ја рерната на 180 степени. Кога ќе се загрее рерната, ставете ја тортата да се пече околу 35 минути.
Проверете со чепкалка дали колачот е печен.
Почекајте да се излади, исечете и послужете.