Рецепт за торта со бисквити готова за 20 минути

Состојки: 500 грама крем сирење, 150-200 грама шеќер во прав, 400 милилитри слатка павлака, 60 грама кокос, 200 грама бисквити.

Глазура:150 грама чоколадо, 100 милилитри слатка павлака.

Подготовка: Во сад ставете го крем сирењето и шеќерот во прав и изматете го. Во смесата додадете 400 мл слатка павлака, па изматете. Поделете ја масата на 2 дела. Во едниот дел додавате кокос. Во вториот дел додадете ситно сечкани бисквити. Најпрво во калапот наредете околу 300 грама бисквити натопени во млеко. Над бисквитите ставете го филот со бисквитите, а потоа филот со кокосот. Прелијте ја со глазурата што ја добивте од чоколадо и слатката павлака. Се лади во фрижидер и се сервира.

Scroll to Top