Состојки:
– 280 гр шеќер
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 80 ml вода
– 200 гр путер
– 1 кафена лажичка мелен цимет
– 200 гр млеко во прав
– 70 гр какао во прав
– 150 гр мелени бисквити
За декорација:
– 1 лажичка какао во прав
– 1/3 лажичка цимет
Подготовка:
Во тенџере измешајте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и водата. Ставете го да се готви.
Од моментот на вриење, варете три до четири минути на пониска температура со повремено мешање (шеќерот треба да се раствори).
Тргнете го од шпорет, а потоа додадете мелен цимет и путер исечен на мали парчиња.
Мешајте додека не се соединат сите состојки.
Во еден сад измешајте какао во прав и млеко во прав, па соединете со претходно подготвената смеса.
Оставете да се излади (околу десет минути), потоа додадете мелени бисквити и измешајте.
Со хартија за печење обложете сад од 20 x 15 см, истурете ја смесата, добро израмнете ја и ставете ја во фрижидер неколку часа.
Посипете со мешавина од какао во прав и цимет.
Се сече на коцки и се сервира.