Сакате да пиете ладно кафе за време на летото? Бидете внимателни, може да биде штетно за вашето здравје

Многумина не можат да замислат ден без една или неколку шолји кафе. Овој вкусен пијалок може да се пие на многу начини.

Со доаѓањето на летото некои топлата варијанта на кафе ја заменуваат со ладна и освежителна, но се поставува прашањето како претераното консумирање кафе влијае на организмот во топлите летни месеци.

Иако редовното консумирање кофеин, на пример, една шолја дневно, не е претерано штетно, треба да размислите за внесот на кофеин во текот на летните месеци.

Прекумерното консумирање кофеин може да предизвика дехидрација, пренесува „Health Shots“. Кофеинот може да го измами телото да чувствува помалку жед, што може да доведе до дехидрација. Општо земено, луѓето кои забележуваат зголемување на дигестивните проблеми, како што се запек, надуеност, дијареа, синдром на нервозно дебело црево или губење на апетит, може да ги имаат овие проблеми поради прекумерното консумирање кофеин.

Дехидрацијата, која може да ја предизвика и кофеинот, токму поради чувството дека сме помалку жедни, може дополнително да ги влоши овие состојби. Затоа кога пиете кафе во текот на летните месеци, дефинитивно не заборавајте да испиете чаша вода или некој друг хидратантен напиток.

Покрај тоа што предизвикува дехидрација, прекумерната потрошувачка на кофеин може да влијае и на зголемениот пулс и високиот крвен притисок. Поради топлината која и онака предизвикува непријатност, консумирањето кофеин може дополнително да го оптоварува кардиоваскуларниот систем и да доведе до непријатност или други здравствени проблеми, пренесува „Health Shots“.

Летните месеци може да доведат до нарушен режим на спиење бидејќи зголемената телесна температура го отежнува процесот на заспивање. Ако конзумирате премногу кофеин покрај сето тоа, тоа може дополнително да ги влоши вашите шеми на спиење бидејќи повеќето луѓе не можат да спијат после пиење кафе. Ако редовно пиете кафе кога надвор е топло, тоа може да влијае на вашето расположение и да ве направи раздразливи и уморни.

Scroll to Top