Старински рецепт за колач со ореви и сливи

Потребни состојки: 3 поголеми јајца или 4 помали, 2 чаши гриз, 2 чаши брашно, 1 шолја масло, 1 чаша јогурт, 1 чаша шеќер, 1 прашок за печиво, кора од лимон, 50 гр суво грозје, 1 грст сечкани ореви, 600 гр сливи.

Подготовка: Јајцата се матат со шеќер, се додаваат брашното, гризот и печивото, па маслото, јогуртот, лимонот, сувото грозје и се прелива половина во тавата. Наредете половина од сливите, па истурете го остатокот од тестото и израмнете. Посипете ванилин шеќер и една рака сечкани ореви. Печете на 200 степени, околу 30 минути.

Scroll to Top