Брза торта со вкус на лимон за сите што обожаваат вакви торти.
Состојки: 3 јајца, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 гр шеќер, 150 мл млеко, 100 мл масло, 250 гр брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лимон (рендана кора), 2 лимона (сок од цедени лимони), шеќер во прав.
Подготовка:
Најпрвин јајцата, шеќерот и шеќерот во прав ги матиме со миксер додека не добиеме убава пенеста смеса, и потоа постепено ги додаваме млекото, маслото, брашното и прашакот за печиво. Кога ќе ги соединиме сите овие состојки, додаваме кора од еден рендан лимон и сок од два цедени лимона. Потоа мешаме и ја ставаме смесата во набрашнета тава. Може да користите и куглов. Смесата се пече 30-ина минути. Кога ќе се излади, може да ја наросите со шеќер во прав.