Прекрасната Никол Шерцингер не престанува да воодушевува со својот изглед. Без разлика дали станува збор за црвениот тепих или лежерното кафе со пријателите, оваа жена е секогаш на висина на задачата на модата.
Сега покажа и како изгледа нејзиниот вообичаен ден во теретана, благодарение на што има толку згодно тело.
Објавите за вежбање привлекоа големо внимание, најмногу поради згодната пејачка која ги покажа своите вежби во тесни хеланки.
Таа покажа вежби за нозете и задникот, додека луѓето ја опсипуваа со комплименти во коментарите.