(Видео) Скокање на јаже, тренингот на Адријана Лима кој и помогна да ги намали килограмите по бременоста

Поранешниот модел на „Виктроија сикрет“, Адријана Лима го роди своето трето дете во септември минатата година. По раѓањето на втората ќерка Сијена во 2012 година, таа се прошета на модната писта само два месеци по породувањето,  но по третата бременост таа не брзаше да се врати на професијата.

Бидејќи долго време не е дел од тимот на „Викторија Сикрет“ таа го нема притисокот да изгледа беспрекорно, па Лима не се грижела премногу за килограмите.

Таа е голем љубител на спортот и физичката активност. Во моментов, најкорисна работа за да ја изгуби тежината во бременоста е прескокнувањето јажиња. Отсекогаш го практикувала овој вид на вежбање, а во една прилика нејзиниот тренер објави видео како вежба.

Прескокнувањето на јажето е забавен, но ефикасен тренинг што можете да го правите дома и не треба да одите во теретана.

Бројни студии покажаа дека прескокнувањето јажиња ја подобрува кондицијата, помага во губењето на масните наслаги и целулитот, а исто така позитивно влијае на целокупното расположение.

Можете да согорите до 150 калории за само десет минути прескокнување.

Покрај скокањето, Адријана прави и класични вежби, како и вежби за сила кои дополнително и помагаат да ја достигне целта.

Scroll to Top