Здравото варење е важно за нашето ментално и физичко здравје, а овие зачини можат да помогнат да работи правилно
Бројни студии ја покажаа врската помеѓу здравите црева и варењето со целокупното здравје. Нашите црева се тесно поврзани и со менталното здравје, па затоа е важно да се постигне рамнотежа во гастроентеролошкиот систем, пишува ordinacija.hr.
Еден од начините да се постигне тоа е исхраната. Покрај изборот на здрава, непреработена храна, за да ја направиме храната повкусна, можеме да додадеме и многу здрави зачини, од кои некои се користат илјадници години. д-р. Канчан Која, носи листа на најздрави за варење.
1. Коморач или анасон
Овој зачин го подобрува варењето и производството на ензими за варење. Богат е со калиум, манган, молибден, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бакар. Исто така содржи голем број на антиоксиданси кои ги штитат телесните клетки од оштетување и имаат антиинфламаторно дејство.
Поради изобилството на хранливи материи, фината арома и лесната сварливост (спречува надуеност), сировиот анасон е идеален додаток за сендвичи, салати од зеленчук и овошје. Можете едноставно да додадете семе од анасон во топла вода и да го пиете напитокот секој ден.
2. Ким
Содржи големо количество железо, минерал кој на многу начини му помага на организмот, но делува и како заштита на имунолошкиот систем. Овие семки традиционално се користат за добро варење, го стимулираат лачењето на дигестивните ензими и имаат способност да ги опуштат мускулите на дигестивниот систем и да спречат грчеви и да го олеснат процесот на варење, особено мрсната храна.
3. Куркума
Освен што на храната и дава богат и егзотичен вкус, таа може да ни помогне и на нашето здравје на повеќе начини. Имено, куркуминот се наоѓа во куркумата – состојка на која се истражуваат одново и одново и која континуирано покажува позитивно влијание на разни болести. Заедно со сите свои придобивки, го поддржува и здравјето на дигестивниот систем и ги спречува воспалителните процеси. За да делува подобро куркуминот, користете го со малку црн пипер.
4. Каранфилче
Овој зачин има и силни антиинфламаторни својства кои ќе го заштитат здравјето на дигестивниот систем, затоа користете го што почесто. Каранфилчето совршено го подобрува печеното месо, оризот, гравот, маринадите, киселиот зеленчук, сосовите, супите.