Јагодите може да имаат изненадувачки позитивен ефект врз нашиот мозок како што старееме

Јагодите се меѓу најпопуларните овошја, а истражувањето спроведено од невролозите исто така покажало дека тие се добри за мозокот.

Една неодамнешна студија спроведена во период од 12 недели покажа дека јадењето јагоди може да го намали ризикот од деменција и да го подобри расположението кај луѓето кои се изложени на ризик од когнитивно опаѓање поради возраста и метаболичките проблеми.

Истражувањето, спроведено од невронаучникот Роберт Крикоријан од американскиот универзитет во Синсинати и неговиот тим, се фокусираше на средовечни луѓе со прекумерна тежина и знаци на отпорност на инсулин, беше објавено во списанието „Nutrients“.

Крикоријан и неговиот тим регрутирале 30 возрасни, претежно жени, на возраст од 50 до 65 години со благо когнитивно оштетување и индекс на телесна маса (БМИ) што ги сместил во категоријата со прекумерна тежина.

Оние кои примиле плацебо не поминале толку добро на тестот за мерење на пречки во меморијата. Сепак, оштетувањата на меморијата биле намалени кај оние на кои им бил даден прашок од јагоди, што сугерира дека тие биле подобро способни да игнорираат неважни информации.

Намалените пречки во меморијата се однесуваат на помала конфузија на семантички поврзаните термини на тестот за учење список со зборови.

Учесниците кои консумирале јагоди пријавиле помалку депресивни симптоми, покажувајќи подобрени емотивни и извршни способности. Студијата сугерира дека потрошувачката на јагоди ги коригирала веќе постоечките когнитивни дефицити кај учесниците со проблеми поврзани со возраста и отпорност на инсулин.

Извршните способности почнуваат да опаѓаат во средната возраст, а вишокот на абдоминална маснотија, како и со отпорноста на инсулин и дебелината, ќе има тенденција да го зголеми воспалението, вклучително и во мозокот, додава Крикоријан.

И јагодите и боровинките содржат антиоксиданси наречени антоцијани, кои се вклучени во голем број здравствени придобивки од бобинката, како што се метаболичките и когнитивните подобрувања, посочува Крикоријан.

Додека претходните студии покажаа метаболички подобрувања после јадење јагоди, новата студија не откри метаболички ефекти. Научниците ја припишуваат оваа разлика на помалата доза на антоцијани што се користи во нивната студија.

Сепак краткото времетраење на студијата и ограниченото регулирање на исхраната на учесниците ги ограничуваат заклучоците што може да се извлечат од оваа студија.

Во поширок контекст, експертите препорачуваат одржување на разновидна и урамнотежена исхрана како најефективен пристап за задоволување на нутритивните потреби, вклучувајќи овошје како што се јагодите кои се богати со витамин Ц.

Scroll to Top